Don't Miss
Home / Uncategorized / Ципрас преживеа, на ред е Преспанскиот договор

Ципрас преживеа, на ред е Преспанскиот договор

Дали македонското членство во НАТО не оди според предвиденото со оглед дека грчкиот парламент дефинитивно нема на иста седница да ги ратификува Преспанскиот договор и македонскиот протокол за НАТО. Грчкиот премиер Ципрас најави дека протоколот за НАТО ќе се ратификува после ратификацијата на преспанскиот договор поради технички причини, бидејќи протоколот сеуште не е потпишан меѓу Скопје и Брисел. Сепак премиерот Заев и министерот за надворешни работи Димитров претходно ја уверуваа јавноста дека гаранција за Македонија дека Грција нема да го изигра договорот е фактот што гласањето ќе биде на иста седница.

Треба да е јасно кажаа од владата дека договорот за името нема да важи без ратификација на протоколот за НАТО од страна на Грција. Од македонската влада велат дека не се загрижени дека задоцнетото гласање за НАТО може да го загрози договорот од Преспа. Се очекува владата на Ципрас Преспанскиот договор да го стави на гласање следната недела, а од Илинденска без број очекуваат протоколот за НАТО во Брисел да се потпише неколку дена потоа, по што би се ратификувал и во грчкиот парламент, а според плановите предвидено е сите процедури да завршат до крајот на Јануари. Пред синоќешното гласање на доверба на грчката влада кое помина успешно во парламентот, македонското МНР пратило вербалма нота до грчките колеги со која ги известиле дека во македонското собрание се изгласани уставните измени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*