Don't Miss
Home / Колумни / Да се свртиме кон себеси и децата

Да се свртиме кон себеси и децата

               

        Масакрот што се  случи  деновиве во Белград, во кој малолетник, на возраст од неполни 14 години  во училиштетото “Владислав  Рибникар” уби 8 свои другарчиња и еден од обезбедувањето на училиштето го потресе не само Белград и  Србија, туку и цел Регион, па дури и светот. 

        Истрелите на малолетникот К.К тешко ги погодија и психички ги “убија”   родителите на убиените деца и учениците на малолетниот убиец од Врачар, туку предизвикаа колекетивна депресија  во сите соседни земји на Србија и пошироко.

        Луѓето се вџашени и сеуште не можат да се опорават од монструзното злосторство, кое им се случи на нашите северни соседи.

        Тоа што до пред случувањето на ова монструзно убиство  го гледаме само на  телевизија или во филмови од Дивиот запад, се случи и на овие простори.

        Малолетно дете, кое има само 14 години, уби 8 негови врснции и десетина ги рани, кои благодарение само на својата среќа и судбина останаа живи.

        Жителите во Белград и Србија се во шок.

        Тие се гушат од солзи и дават  во очај од несреќата која ги снајде.

        Со нив заедно тагуваат и милиони други дечиња, сестри, браќа, мајки, баби, дедовци

        На ТВ каналите по 24 часа на ден се емитуваат специјализирани емисии, во кои познати  личности, политичари, аналитичари, психолози, педагози, лекари… се прашуваат што ги снајде и како можеше ова  и ним да им се случи.

        Во дебатите за крвавиот настан се анализираат многу детали од тоа што му претходело на масакрот и дали истиот можел да се спречи, па се до тој  кој покрај  малиот убиец К.К е виновен за оваа невидено злосторство.

         Но за жал засега вистинскиот одговор на овие и сите други отворени  прашања  засега го нема.

        И истиот во овој момент не треба ни да се очекува.

        Во моментот кога над разумот надвладува тагата, болката, емоциите, омразата… тешко може да се даде одговорот на прашањето  како се најдовме во оваа ситуација, тоа што беше толку далеку од нас, да ни се случи нам на овие простори.

        Со оглед на тоа што монструзоното убиство во Белград се случи кај нашите  најблиски соседи сосема е разбирливо што убиството во  ОУ # Владислав Рибникар” во  Врачар не потресе и нас.

        По овој крвав настан не само во Белград, туку и кај нас и соседите од екс Југославија сите се прашуваат зарем е ова можно и нам, на овие простори да ни се случи тоа што вообичено се случуваше во некои училишта во Тексас, Аризона, Далас, Калифорнија и други градови во САД, каде масовните  убиства во училиштата на ученици станаа секојдневна и вообичена работа.

        Но сега кога мечката заигра кај нашите  комшии овој  маскар треба и нас во Македонија сите да не отрезни и со најсериозно внимание и трезвени глави  да го анализираме ова крваво злострство за да не дај боже и нам да не ни се случи.

        По овој масакр повеќе не треба да се лажиме дека тоа кај нас тоа  не може да се случи.

        Може и тоа како. Затоа е потребно, родителите,  надлежните воспитно-образовните  институции, полицијата, властите  да ги преземат сите неопходни превентивни мерки за спречување на било какви ситуации кои можат да доведат до такви злосторства.

         Некои рекле, по војната сите генерали се паметни.

        Затоа не од денес, туку  уште од вчера,  сите поединечно и заедно треба да си го ставиме прстот на умот и да се запрашаме како да си помогнеме себеси и да им помогнеме на младите да се ослободат од оние  видео игри кои  ги играат не само на јаве по цел ден, туку дури и во сонот и кои  почнуваат  со насилство и најчесто завршуваат со многу крв и голем број жртви

         Конечно е време родителите да се свртат кон семејствата и  си ги приберат  децата кои со своите “паметни телефони”  се изгубени во просторот и времето, оттуѓени не само од луѓето, туку и од своите и талкаат во виртуелниот свет без да знаат ни каде одат, ни кога и каде ќе стигнат.

        Ако беше за аир доста  ни беа дружбите со #паметните телефони#. Не само на децата, туку и нас возрасните.

        Доволно се изнасликавме и промовираме.

        Во овој период мислам дека преку социјалните мрежи доволно, ако не и премногу им се прикажавме и покажавме на сите на кои мислевме дека треба знаат кои сме и што сме, што имаме, што доручкуваме, што носиме, каде сме биле и со кој сме биле…

        Време е од сите наши виртуелни лутања да се вратиме дома и да се свртиме кон  својот дом  и да им се посветиме на нашите најмили и  дружењата со нив.

        Од појавата на интернетот и социјалните мрежи и поседувањето на “паметни телефони”доволно се претставивме пред другите.

        Доста беше живеење за лајкови и лажни пријателства.

        Животот за другите, освем немир, на никој не му донесе добро. Наместо тие социјални  мрежи да не зближат уште повеќе не оддалечија еден од друг, а најмногу од себеси и нашите  најблиски.

        Другите доволно не научија кои сме. Време е ние да се свртиме кон себеси да се соочиме со себеси и видиме  кои сме и какви сме станале.

        Нам сега, по трагедијата во Белград ни треба да  се ресетираме да се помолиме за  мир, спокој, разбирање, зближување и тоа првостепено со најмилите, со децата. Да го направиме домот Црква во која ќе се молиме за себе и своите најблиски, Господ Бог  на сите луѓе да им донесе здравје, среќа, толеранција, разбирање, почитување, убава сетнина.

        Доста живеевме за други. Време да почнеме да живееме за себе и нашите најблиски, особено за децата, кои врват низ тежок период во нивното растење оставени сами наместо родителите за нив да се грижат “паметните телефони “, кои главно ги  (пре)воспитуваат за насилство, крв, убивања, нетолеранција.

        На крајот време е политичарите да научат дека тие со  своите политики во голема мера придонесуваат да живеме во ваква атмосфера, во која како што рекол филозофот Џон Лок, човек на човек му е волк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*