Don't Miss
Home / Вести / Дали локалната власт го (из)губи мнозинството во Советот на Битола

Дали локалната власт го (из)губи мнозинството во Советот на Битола

Локалната власт го изгуби мнозинството во Советот на Битола

          На вчерашната седница, за прв пат откако е конституиран  Советот на Битола, локалната власт предводена од СДСМ  го изгуби мнозинството.

          На предлог на советничката листа “ Поинаку“, поберана е информација и решавање на проблемот со загаденоста и смрдеата на водата во реката Драгор на влезот во Битола гласаа и тројца советници од мнозинството.

          Имено со 16 гласови за, наспроти 15 против, од страна на локалната власт, советниците ја изгласаа точката да се подготви информација за тој проблем.

          Тоа  е прв пат откако е конституиран  Советот локалната власт да биде надгласана од страна на опозицијата.

          Имено овој пат иницијативата на опозицијата ја поддржаа и тројца советници од мнозинството на СДСМ. За предлогот на независната листа на “ Поинаку “  гласаа и советниците од ДОМ, ДУИ и листата на пензинери.

          На тој начин локаланата власт го дожиеваа првиот пораз во Советот н Битола, што ги загрижи советницте од мнозинството.

          Дали со вчерашното гласање на повидок е создавање на ново мнозинство во Советот на Битола и паѓање на локалната власт, е прашање кое во моментот е најчесто поставувано во битолската политичка јавност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*