Don't Miss
Home / Вести / Дали смената на техничкиот секретар причина за кавгата на Детското ликовно студио и Министерството за образование

Дали смената на техничкиот секретар причина за кавгата на Детското ликовно студио и Министерството за образование

                       

            Кавгата помеѓу Детското ликовно студио “ Кирил и Методиј “ Битола и Министерството за образование ја вознемири  Битола.

            Засега битолската јавност нема информации кои се причините за кушлусот меѓу Детското ликовно студио “ Кирил Методиј“ Битола  и  Министерството за образование и наука.

            И покрај сите наши  инсистирања да ги дознаеме  причините за нивната кавга засега не добивме  одговор ни од Министерството за образование и наука  ни од Детското ликовно студио, кои вчера не ја прифатија ни поканата на министерот за образование  Јетон Шакири, да одат на средба во Министерството.

            Сепак од добор информирани извори на Нова Македонија дознаваме дека најверојатно  причината за кавгата  е одлуката на УО на Студиото, кој на 19 јули  оваа година без согласност на Министерството му го раскинале работниот однос на вработеното техничко лице, Анастасиј Хаџиантоновски, инаку внук  од брат на основачот на Детското ликовно студио “ Кирил и Методиј “. Коста Хаџиантоновски и на негово место од 20 јули во Агенцијата за вработување ја пријавиле керката на Хаџиантоновски, Елена Хаџиантоновска, која дотогаш не беше вработена во Студиото.

            Поради таквата одлука Министерството одлучило да ги прекине средствата  кои дотогаш редовно ги давало за функционурање на Студиото со еден вработен.

            Засега за овој случај не се изјаснуваат ни Елена Хаџиантоновска, новата вработена во Студиото,ни Анастасиј Хаџиантоновски, кои со децении беше  професионално вработен во Детското ликовно студио.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*