Don't Miss
Home / Вести / Даница Петличкова повторно избрана за претседателка на Здружението на пензионери

Даница Петличкова повторно избрана за претседателка на Здружението на пензионери

               

        Даница Петличкова останува на чело на Здружението на пензионери  Битола.

        Таа на редовните избори е едногласно избрана за старо – нов претседател на  Здружението.

        Со тоа практично не успеа упадот на група од над 150 пензионери од ВМРО ДПМНЕ, кои пред неколку дена насила упаднаа и ја  узурпираа салата за состаноци  во Здружението  и бараа нови избори.

 Поради тоа на 8 август по вторпат  се одржа седница на Собранието на пензионери на која сите   49 избрани  претставници на Собранието гласаа Даница Петличкова да биде на чело на Здружението и во наредните 4 години.

За претседател на Собранието едногласно беше избран Крсте Белевски и заменик Вера Горшевска.

Избран беше и Надзорен одбор од три члена и Комисија за Статут и правни прашања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*