Како што стојат работите по се изгледа дека на Македонија и е судено постојано од нејзината независност да има проблем со (не)добивањето датум.
Речиси цели 3 децении од македонската независност и донесувањето на Декларацијата на Собранието за влез во НАТО пактот и евроинтеграциите, Македонија постојано се соочува со проблемот за (не)добивање на датум.
(Не)добивањето на датум како да му е судбина на Македонија и македонските граѓани.
Република Македонија на патот кон НАТО пактот и зачленувањето во европското семејство со децении имаше проблем за добивање на датум.
Иако најголемиот број од земјите на Европа со години предлагаа на Македонија да и се одреди датум за почеток на преговорите за членство во НАТО пактот и ЕУ, секогаш таквиот предлог беше опструиран и отфрлан поради познатиот став на Грција за блокада на Македонија кон нејзините евроинтерграции додека државата не го смени името.
И кога се мислеше дека со потпишувањето на Преспанскиот договор и одлуката Македонија да го смени своето уставно име во Република Северна Македонија се реши спорот со Грција и државата конечно ќе добие датум за почеток на преговорите, повторно и за време на мандатот на Хрватска, Македонија нема добиено прецизен датум за почетокот на преговорите со ЕУ.
Добивањето датум за почеток на преговорите повторно не е одреден и Република Северна Македонија сеуште не знае кога дефинитивно ќе ги почне преговорите за влез во ЕУ.
Како Република Северна Македонија, Македонија стана 30 членка на НАТО, но барем засега никој од власта не може со сигурност да каже кога конечно државата ќе ги почне преговорите за влез во ЕУ.
(Не)добивањето на датум за преговори сеуште е прашање без прецизен одговор.
Дека кога станува збор за (не)добивањето на датум Македонија нема многу среќа, најдобра потврда е што државата иако со распуштањето на парламентот се одлучи да оди на предвремени парламентарни избори, сеуште никој во државата не зане кога тие конечно ќе се одржат.
Кога партениците на Собранието акламативно се одлучија да се самораспуштат беше договорено предвремените парламентарни избори да се одржат на 12 април.
Но поради пандемијата и корона вирусот изборите беа одложени.
По првото одлагање и пролонгирање на изборите, македонските власти и опозицијата постојано се договараат кога да се одржат предвремените парламентарби избори, но за жал, или за среќа сеуште никој не знае кога истите ќе се одржат.
Во Македонија деновиве дури по четврти пат претседателот на државата Стево Пендаровски прогласи вонредна состојба, но барем засега никој не знае кога предвремените парламентарни избори ќе се одржат.
Власта и опозицијата постојано лицитираат со датуми за изборите, но барем засега сите тие датуми паѓаат во вода.
Во овој момент пандемијата е таа која го одредува или не го одредува датумот за изборите.
Деновиве, кога поради драстично заголемиот број на новозаразени со корона вирусот отапдна 21 јуни како датум кој постојано го потенцираше лидерот на СДСМ, Зоран Заев за одржување на изборите, сега во игра е нов датум. Тоа е 5 јули.
Деновиве официјланата власт, за време на промоцијата на парламентраните листи застана цврсто на ставот дека изборите за новиот состав на парламентот треба да се одржат на 5 јули.
Овој датум е избран како најдобар за одржување на предвремените избори, бидејќи според здравствените работници до тој ден пандмеијата ќе се смирела и здравтвените услови ќе биле најоптимални за одржување на изборите.
Но иако како и при прогнозата изборите да се одржат на 21 јуни, власта и сега е цврсто решена тие да се одржат на 5 јули, сепак никој не може да гарантира дека тие ќе се одржат токму тогаш.
Имено опозицијата и овој датум го доведува во прашање од проста причина што смета дека во ситуација кога дневно има по десетици новозаразени лица од корона вирусот и кога се зголемува бројот на починати, крајно неодговорно е да се размислува за одржување на предвремени парламентарни избори.
Со тоа и овој нов датум за одржување на изборите е доведен во прашање.
Политичките лидери, кои ја водат, или имаат намера да ја водат државата во наредните 4 години сеуште не можат да изградат заеднички став кога би се одржале изборите.
Се добива впечаток дека пандемијата со корона вирусост се користи како алиби за лицитирање со датумот за избори.
По тоа каков е ставот на власта повеќе од јасно е дека нејзе и се брза изборите да се одржат што побрзо, а опозицијата сеуште е на ставот тие треба да се одржат кога целосно ќе се смири состојбата со пандемијата и кога здравствените работници ќе можат да бидат сигурни дека корона вирусот конечно е прележан во Македонија.
Кога станува збор за (не)одржување на изборите сеуште тактизираат и епидемиолозите и вирулозите, кои никако не излегуваат во јавноста со цврст став кога би било најдобро тие да се одржат.
Додека здравствените работници сеуште молчат постојано глаголат политичарите, кои го одредуваат датумот за(не)одржување на изборите.
Тоа што посебно загржува е што барем засега ни власта ни опозицијата не можат да изградат заеднички став кога би било најдобро изборите да се одржат, а со (не)одредувањето на датумот да се сложат и здравствените работници.
Тие врз основа на нивните согледувања и анализи најдобро знаат како ќе се развива пандемијата во Македонија во наредниот период и кога би било најмалку ризично граѓаните да излезат на гласање.
(Не)одредувањето на датумот за избори не е и не смее да биде само политичко прашање на една или две партии.
Во овој момент тоа е и прашање од огромна важност за здравјето на граѓаните, со кое никој не смее да си поигрува.
Затоа е потребно лидерите на политичките партии и здравствените работници конечно да седнат на заедничка маса и темелно да ги анализираат состојбите и да завземат заеднички став, зашто кога е во прашање пандемијата со корона вирусот таа не познава и не пропознава политичка припадност, туку поддеднакво ги погодува сите граѓани на Македноија, без разлика на политичка или етничка приипадност, кои веќе одамна живеат во голем страв и колективна депресија.
Колумнаа можете да ја прочитате во најновиот број на Битолски весник, кој е во продажба.