Делегација на ВМРО ДПМНЕ Битола предводена од Пеце Милевски, Претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ – Битола, утринава го започна чествувањето на големиот македонски празник Илинден, со полагање свежо цвеќе пред Споменикот на илинденците во Храмот „Света Недела“. Цвеќе положи и градоначалникот на Општина Битола и членови на советот.
Одбележувањето на празникот продолжи во с. Трново на “51 СЕМАКЕДОНСКА СРЕДБА 2022″Нека ни е честит Илинден!