Don't Miss
Home / Вести / Демант на Груевски: Како премиер никогаш сум немал средба со Силјан Мицевски

Демант на Груевски: Како премиер никогаш сум немал средба со Силјан Мицевски

По денешното сведочење на бизнисменот, поранешен градоначалник на Битола и поранешен висок функционер на СДСМ Силјан Мицевски на рочиштето за предметот Талир 1, реагира поранешниот премиер Никола Груевски во бегство на својот фејсбук-профил и напиша дека се работи за невистини.

„При денешниот исказ на двата сведока, обајцата не ги потврдиле наводите во обвинението против обвинетите, па оттука веројатно и потребата на некои партиски определени медиуми да претстават поинаква слика на нивното сведочење пред јавноста, особено за Силјан Мицевски.

Никогаш додека бев премиер не сум имал средба или телефонски разговор со Силјан Мицевски, ниту некогаш сум му сугерирал нешто или некого да финансира, и никогаш не сум му побарал ниту сум добил што било од него“, напиша Груевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*