Don't Miss
Home / Вести / Демократскиот сојуз објави јавен повик за градоначалници и советници

Демократскиот сојуз објави јавен повик за градоначалници и советници

                       

Претседателството на ДС одлучи да објави јавен повик за кандидати за градоначалници и носители на советнички листи за градот Скопје и општините во Македонија.

Како демократска партија сакаме да мотивираме кандидати за градоначалници и советници кои не се партиски определени, но се докажани професионалци, кандидати со менаџерски способности, а пред се со висок морален интегритет, отпорни на коруптивни влијанија, почитувани во средината каде што работат и ги познаваат потребите на граѓаните во општината.

Кандидатите за градоначалници ќе треба да подготват изборна програма (2021-2025) во која ќе бидат опфатени локалните проблеми – инфраструктурни, економски, образовни, здравствени, културни, спортски итн. и да предложат проекти и мерки за нивна реализација. Програмата треба да биде резултат на проучување и анализа на состојбите и да биде изработена во соработка со граѓаните, компаниите, невладиниот сектор и експертите. Таа треба да биде подготвена до август 2021 година. Кандидатите за градоначалници треба да ги прифатат основните идејни и програмски определби на Демократскиот сојуз, како и да соработуваат со носителот на советничката листа и останатите кандидати за советници и да ги поддржуваат во изборната кампања.

Засега кандидат за градоначалничка од Битола е Весна Бурлиовска, економска од УЈП Битола

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*