Don't Miss
Home / Вести / Демолирани автобуските постојки

Демолирани автобуските постојки

              

Во Битола никако да запре вандалското однесување  на некои несовесни граѓани кон јавните добра.

 За  само неколку дена, засега непознати сторители оштетиле голем број од автобуските постојки во градот.

 Искршени, или оштетени се објектите на  голем број постојки  кои претходно, целосно беа реконструкирани и исчистени од страна на Општина Битола.

Општина Битола денеска излезе со  апел  до граѓаните да не се уништуваат јавните добра и сите случаи на забележани вандализми, да бидат соодветно пријавувани.

            Засега не се знае кои се несовенсите граѓани кои ги уништиле постојките во Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*