Don't Miss
Home / Uncategorized / Денес седница на Владата

Денес седница на Владата

  • Владата на Република Северна Македонија ќе ја одржи редовната167 седницаВладата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 167 седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.На оваа седница, на предлог на Министерство за транспорт и врски владата ќе го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште.На дневниот ред на денешната седница е и точката за давање согласност за распишување на Jавен оглас бр.03/19 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање.Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ќе презентира Информација за Амандманот од Монтреалскиот протокол за супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка (Кигали, 2016), со Предлог-одлука за пристапување на Република Северна Македонија на Амандманот кон Монтреалскиот протокол за супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка и со Предлог-закон за ратификација на Амандман кон Монтреалскиот протокол.На денешната седница е и информацијата за Предлог-закон за стратешки инвестиции во Република Северна Македонија.На оваа редовна 167 седница, на предлог на Агенцијата за храна и ветеринарство министрите во владата ќе ја разгледаат информацијата за потпишаните договори помеѓу Агенцијата за хранаи ветеринарство на Република Северна Македонија и Центарот за проценка на ризик во ланецот на исхрана на Република Бугарија, и меѓу Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија и Агенцијата за безбедност на храна на Република Бугарија за соработка во областа на безбедноста на храната и ветеринарната политика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*