Во својата честитка до битолчани кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, за 11 Октомври, д-р Тони Коњановски изјави:
Пред 80 години македонскиот народ се крена во борбата за ослободување на Македонија, затоа 11 октомври е еден од најзначајните датуми во нашето историско постоење.
Антифашистичката борба за национална слобода и АСНОМ, заедно со двата Илиндена, се цврстите темели, врз кои е изградена современата македонска држава.
Денес, кога македонските херои се бришат од учебниците по историја, кога се тргува со нашето минато како на зелено пазарче, неопходно е вклучување на новите генерации, на најмладите во одбележувањето на македонската борба за слобода и истрајност.
Денешниот празник, само не обврзува и ни потврдува дека борбата никогаш не смее да запре!
Мои битолчани денес битките не се водат на боиште! Денес војуваме против лажен морал, корупција и лаги кои ни го расипуваат секој празник!
Денес војуваме за нови вработувања, за среќни млади луѓе, за современа инфраструктура и пристоен, живот за секој нејзин граѓанин на Битола!
Нека ни е честит 11 октомври, нека ни е убава и развиена Битола! Нека ни е вечна Македонија!