Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со слаби врнежи од дожд и снег, а ќе има и услови за појава на замрзнат дожд. Повеќе врнежи ќе има во западните и југозападните делови. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до еден степен, а дневната температура од три до девет степени.
Утринската температура до минус четири степени, а дневната температура ќе достигне до три степени.
Потоа до понеделник ќе биде стабилно и суво со пораст на температурата, а по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Нов влажен бран ќе има во понеделник кон крајот на денот и во вторник.