Don't Miss
Home / Култура / Десетто издание на Фестивалот “Локум фест“

Десетто издание на Фестивалот “Локум фест“

По десетти пат, Битола ќе биде домаќин на „Локум фест“, манифестацијата на која во Старата битолска чаршија ќе се јаде локум, ќе се пие кафе и ќе се слуша музика.

Во Стара битолска чаршија ќе настапат „Етно трип“ од Словенија и групата „Прва севда“ од Македонија.

–Фестивалот  е препознатлив синоним на заедничкото живеење на различните култури во конзулска Битола  и оној стар обичај со комшијата  и добронамерникот  да се испие заедничко кафе со локум. Уште еднаш битолската чаршија  ќе блесне во целиот сјај и ќе се потсети на традицијата и обичаите по кои е препознатлива нашата чаршија и нашиот град. Годинава на програмата на “Локум фест“  ќе се најдат долгогодишните партнери на овој фестивал Здружението Македонски ракотворби од Битола со саемот на ракотворби, а за музичкиот дел ќе се погрижат музичките групи „Прва севда “ староградска група  од Битола и „Етнотрип“ од Словенија- истакна Тоше Ивановски, организатор и претставник на Центарот за културна деконтаминација од Битола.

На фестивалот посетителите преку стари фотографии ќе можат да ја слушнат приказната за Битола низ вековите, а на повеќе штандови ќе бидат изложени ракотворби, изработени од битолчанки.

Во изминатите години на „Локум-фест“ во Битола настапија повеќе од 45 етно-групи од Балканот и од светот.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*