Вредноста на производот не постои се додека таа не се реализира низ неговата употреба? Ова можеби ви делува чудно, но ова е факт. Голем број на производители ќе речи: „јас го познавам својот производ и ја знам неговата вредност“, но не се во право. Зошто? Бидејќи производите се креираат за на пазар а не за своја лична употреба. Во фабриките се креираат карактеристиките на самите производи.
Креирањето на успешен производ не е лесна работа. Креирањето на успешен производ кој што ќе се понуди на пазарот е уште потешка работа. Кога некој тоа го направи, како Sony со својот вокмен, тогаш ќе речеме дека е „махер“ во својата работа. Но не мора секогаш да биде така. Тој ист Sony креираше Betamax видео стандард. Објективно супериорен во сите технички карактеристики, овозможуваше снимање на едночасовна видео содржина. Но VHS објективно инфериорен овозможуваше креирање на двочасовна видео содржина. Еден фудбалски натпревар може да трае и до 3 часа, а филмовите се во просек по два часа….Што мислете кој стандард ја однесе победата на пазарот?
И Sony не е единствена компанија која што правеше грешки. Кога Coca Cola го промовираше новиот производ под име New Coke, таа не заработи милиони долари, туку милион нови поплаки. Тоа беше голем неуспех. Сите мислеа дека се работи за некој си маркетиншки трик кој што за цел имаше зацврстување на пазарната позиција на класичната Coca Cola.
Она што е очигледно е дека и најголемите прават грешки – прават грешка во тоа што е вредноста на нивниот производ.
Вредноста не е во примена на подобра технологија, туку во исполнување на желбите на Вашите потрошувачи. Се работи за вредноста која што се одредува од страна на Вашите клиенти а не од Вашата страна!
… наредната недела Совет #4: Маркетингот е …