Don't Miss
Home / Вести / Директорката на Медицинското училиште Наташа Илиевска, ако има доблест веднаш да си поднесе оставка

Директорката на Медицинското училиште Наташа Илиевска, ако има доблест веднаш да си поднесе оставка

     

      Во врска со инцидентот што се случи во Мединското учлиште со реакција с ејавија од ОК ВМРО ДПМНЕ.

      Во реакцијата се вели:

      -Општината издвои околу 50 милиони денари, а кај СДС ништо не може да ја разбуди совеста и одговорноста!

      Факт е дека веќе од поодамна немате што да им понудите на Битола и битолчани! Не мислите ли, дека крајно време е да престанете да се служите постојано со изнесување лаги? Не мислите ли дека криејќи се зад вашата неспособност, безидејност, вашата дрскост, не можете да побегнете од пропаста во која ја доведовте Битола? Да, токму така, градоначалникот е одговорен за училиштата во Битола, па ако веќе тоа го тврдите, тогаш зошто помогнати од централната власт постојано опструирате на сите возможни начини и по секоја цена ги штитите вашите партиски неспособни кадри. Никаква грижа немате за воспитно – обрзовниот процес, а она со што располагате се гледа на дело дека тоа не се кадри кои знаат и умеат да ја организираат наставата и да се грижат барем учениците да бидат безбедни во училиштата.

И последниот инцидент во

медицинското училиште, неотповикливо потврдува дека нужно е да си поднесете оставки од позициите-директори, со кои очигледно не можете да се носите!

Од Битола, создадовте град во кој од година во година има се помалку првачиња, од училиштата создадовте борилишта помеѓу наставниот кадар, поставувајќи кадри кои не знаат да менаџираат. И за крај, сите ваши лаги по кои сте им веќе познати и препознатливи на битолчани, уште пред подолго време ви се срушени, токму како и срушениот таван во медицинското училиште.

Без срам лажете дека градоначалникот не издвоил ниту денар од општинскиот буџет за средните училишта, а и самите знаете дека лани беа издвоени 26 400 000 денари, а оваа година 48 700 000 денари за купување на информатичка и друга опрема и реконструкција на објекти.

И повторно прашуваме, зошто директорката на медицинско ја одби финасиската помош кога и беше понудена? Не знаеше ли во каква состојба и е училиштето, не беше заинтересирана или свесно опструираше соработка со локалната власт?

Навистина, не остана повеќе ниту милиметар простор за манипулација.

      Директорке, Наташа Илиева, имајте малку доблест и веднаш поднесете си оставка! Тоа е најмалку што можете во овој момент да го направите! се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*