Don't Miss
Home / Вести / Доцни реконструкцијата на ул. “Партизанска“

Доцни реконструкцијата на ул. “Партизанска“

          

        Битола нема среќа со почитување на роковите кога станува збор за реконструкција и асфалтирање на улиците.

        По доцнењето со реконструкцијата на ил. “Климент Охридски“ кај  Водовод, кој заврши со судски спор сега изведувачот на работитe доцни и со реконструкцијата на ул. “ Партизанска “

        Кога на 18.06.  оваа година официјално почна реконструкцијата на ул. “Партизанска”, која ја изведува струмичката фирма “Жикол “, беше речено дека крајниот рок за нејзино пуштање во употреба  е mesec ноември.

        Но месец ноември измина, а од завршувањето  нa улицата нема ништо.

        Тоа што посебно загрижува е што деновиве воопшто не се работи на реконструкција на улицата.

        Очигледно  е дека фирмата “ Жикол “ нема да успее на време да ја заврши улицата па граѓаните од тој дел на Битола ќе мораат уште некое време да ја заобиколуваат улицата.

        За разлика од “Жикол “ кој во Битола ги доби тендерите за изградба на многу инфраструктурни проекти, битолските јавни претпријатија “ Нискоградба “ и “ Водовод “ навреме си ги завршија работите.

        Инаку реконструкцијата на ул. „Партизанска“ се одвива од потегот кај  кружниот тек во Нова Битола, кај “Веро “ до раскрсницата со ул. „Методија Андонов Ченто“, во должина од 730 метри.

        Инвестицијата чини  вкупно 581.000 евра, од кои  355.000  евра се  средства  од буџетот на Општина Битола. а 226.000 се средства на Министерството за транспорт и врски.

Дали поради непочитување на роковите предвидени во Договорот и оваа реконструкција на улица ќе заврши на суд останува да се види.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*