На пригодна свеченост во Македонската кошаркарска федерација беа доделени медалите и пехарите за најдобрите од минатата сезона во категоријата-кадетки родени 1998/99. Во изминатата сезона кошаркарките на КК „Младост” го освоија второто место, пред екипата на „Струга 2009”, а зад шампионот „Бадел 1862” од Скопје. Напорната сезона траеше шест месеци во која што се одиграа дваесеттина натпревари по двокружен бод систем.
Со ова продолжи низата од успеси на женските и машките екипи на КК „Младост”, знаејќи дека секоја година се враќаат со медали од меѓународните турнири низ Европа.
С.Р.