Доколку татко ми не го застрелаше, тој ќе не убиеше сите нас
Барајки ослободување од притвор на својот татко и тој да се брани од слобода, синот на притворениот Тони Ѓеоргиевски, Јове Ѓеоргиевски, кој во саботата рано изутрината го уби невенчаниот вонбрачен сопруг на неговата сестра С.С.(Столе Соколов) поддржан од стотина битолчани, со доста емоции ги искажа страдањата на неговото семејство од убиениот Столе Соколов.
-Сега убиениот, кој не беше официјално во брак со мојата сестра, цели 20 години не малтретираше и се изживуваше над нас.Тој и друг пат ја тепал и малтретирал мојата сестра и ни се заканувал, но овој пат, кога дојде со ножот во нашата куќа, под дејство на дрога, не личеше на човек, туку на зомби, кој беше решен да не убие сите.
Јас во критичниот момент бев во кујната до татко ми кога тој ја скрши надворешната врата од куќата и со ножот ни се нафрли. Кога се доближи до нас татко ми го извади пиштолот, кој легално го поседуваше и го уби.
Ако татко ми не го убиеше него тој сигурно ке не убиеше нас, па дури и неговите две деца.
Дека беше решен да не убие најдобра потврда е што кога тој отишол дома кај сестрами и и се заканувал, таа избега и со трчање дојде кај нас.
Иако и друг пат и се заканувал, таа овој пат беше толку исплашена што велеше дека сигурно ке убие некој од нас.
Ако татко ми не го имаше пиштолот и не го убиеше денеска сите ние ќе бевме мртви, а можеа да настрадаат и неговите деца.Во погледот му се гледаше дека беше спремен и децата свои да си ги убие.
Со овие зборови пред околу стотина битолчани се обрати синот на притврениот Тони Георгиевски, Јове Георгиевски.
-Се работи за наркоман и личност психопат. Во изминатите 20 години бил пријавуван многу пати. Но откако институциите ке презема мерки ќе дојдеше ќе се извинеше и подоцна повторно продолжувашпе по старо.
Беше конзуматор на дрога. На полицијата тој му беше добро познат. Имаше направено безброј криминалии и кривични дела за кои беше неколку пати осудуван, а имаше извршено и убиство Него не го знаат само во Битола, туку и во Македонија, изјави Јове Георгиевски, кој притоа додаде дека покојниот Столе во неколку наврати бил в затвор, а псоледниот пат лежел над 4 години.
Пријатно изненаден од поддршката на битолчани, тој изјави дека доколку татко му беше убиец немаше во толкав број битолчани да дојдат на протестот и дека татко му Тони нема намера да бега, бидејки убиството го направи во нужна самоодбрана да не спаси сите нас, кој утрото можевме да настрадаме, рече Јове Георгиевски.
На протестот пред Основниот суд во знак на поддршка на нивниот дедо присуствуваа и двете деца на убиениот Столе Соколов.
.