Ротари клубот Дјуршхолм од Стокхолм, Шведска во соработка со Ротари клуб Битола донираа опрема за гинеколошко-акушерското одделение при Клиничката болница-Битола.
Опремата е за хируршко отстранување на пред-канцерозни промени на грлото на матката и микро-инвазивен канцер на грлото на матката.
-Станува збор за донација обезбедена преку битолчанката, специјалист доктор Лилјана Кочоска Мареш а ќе служи за рано откривање, дијагностика и лекување за еден од четирите водечки карциноми кај жената а тоа е цервикалниот карцином. Донацијата е во време кога борбата со гинеколошките карциноми е се погласна и кога секоја година во нашата држава, во просек има 150 жени кои се јавуваат како нови случаи на заболени. Со донацијата на Клиничка болница-Битола и е овозможено да ги следи светските трандови и учествува во подигнување на свеста за борба против гинеколошките карциноми за нивно лекување, дијагностика и отстранување со миимална инвазивна технологија-истакна директорката на Клиничката болница Битола д-р Елизабета Ивановска.
Според д-р Лилјана Кочоска Мареш, претставник на Ротари клубот Дјуршхолм од Шведска, со новата опрема ќе се придонесе да се отстрани користењето на нож и жената поликлинички да се третира.
-На овој начин се обезбедуваат и финансиски заштеди, апаратите што ги дониравме ќе помогнат при абдоменални, акушерски интервенции и пациентката кратко време да биде задржана во болница-нагласи Кочоска Мареш.
Според гинеколозите превентивните прегледи се најважното нешто за рана детекција, превенција и откривање на промени на грлото на матката.
Велат дека голема улога имаат и кампањите за подигнување на свеста кај жените за навремено откривање на пред канцерозните состојби за да може успешно да се лекуваат.
Инаку, денешната донација во Клиничката болница во Битола е дел од проектот за здравјето на жената во Македонија: Превенција од рак на грлото на матката.