Донација на три противпожарни возила за битолската против пожарна единица
Со пригодна свеченост Француската амбасада и Здружението од Франција “Working Together “ на битолската противпожарна единица и донираа три против пожари возила за гаснење на шумски пожари.
На свеченоста за значењето на донацијата зборуваа францускиот амбасадор во Македонија, Сирил Бомгартнер, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и претседателот на Здружението “Working Together”Лоран Рујон.
Донацијата се состои од три против пожарни возила и друга придружна опрема за гаснење на пожари.
Инаку оваа не е прва донација на Франција за Битола.
Во изминатите десетина година тие во неколку наврати и донирале на Битола не само против пожарни возила, туку и друга опрема за справување со пожарите.
Инаку на денешната свеченост градоначалникот на Битола, тони Коњановски најави изградба на нова против пожарна зграда.