Васко Ковачевски и неговото семејство целосно го реновираа машкиот оддел на хируршкото одделение на Клиничката болница. Ковачевски донираше средства за комплетна смена на санитаријата, водоводот, комплетна опрема за сите болнички соби, средување на ѕидовите, нови душеци, телевизиори, постелнина, реновирана е и работната соба, гардеробите за вработените, реновирани се исто и ходниците.
– Голема благодарност од името на сите пациенти за подобрените услови за престој на Хируршкото одделение како и благодарност од сите вработени за подобрите услови за работа. Менаџерскиот тим при ЈЗУ Клиничка болница- Битола раководена од директорот д-р. Зоран Лазаров на семејството Ковачевски им додели благодарница. Директорот денес искажа голем восхит што едно битолско ценето семејство се вложи за битолчани. Се надеваме дека по примерот на семејството Ковачевски за Битола ќе се одважат и други семејства кои можат и сакаат да бидат хумани. Од битолчани за Битола. Да ѝ го вратиме сјајот на Клиниката, нашата гордост на градот и пошироко бидејќи сите сме потенцијални пациенти – изјави Сузана Конеска, портпарол на Битолската клиничка болница.
Вкупната вредност на донацијата изнесува околу 10.000 евра.