Don't Miss
Home / Вести / Донација за две училишта од проектот “ Поттикнуваме промени, да ја заштитиме природата“

Донација за две училишта од проектот “ Поттикнуваме промени, да ја заштитиме природата“

Со цел реализација на активности за подигнување на свеста за заштита на животната средина во основните училишта, со што ќе се поттикнуваат навики кај децата за соодветно складирање и рециклирање на отпадот, денес во основните училишта „Св. Климент Охридски” и „Тодор Ангелевски”, беа донирани две паметни – џубокс канти за рециклирање на различен тип на отпад, изработени за оваа намена, од материјал алкубонд со димензии 200х140х60.

 Паметните канти, сами го делат отпадот во четири различни канти, а истовремено претставуваат и џубокс што пушта македонски и светски хитови.

Донацијата е дел од проектот „Поттикнуваме промени да ја заштитиме природата“, кој го спроведува компанијата Ново Нордиск, а се реализира согласно потпишаниот Меморандум за соработка со општина Битола.

На денешното предавање на донацијата во училиштата, присуствуваа градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, претставници на донаторот, директорите на училиштата, како и пратеничката Олга Лозановска, со чија поддршка, општината и компанијата Ново Нордиск, ја воспоставија соработката.

Донацијата, претставува вистинско поврзување на музиката и екологијата, а истовремено преку современата технологија, дава можност за стекнување на добри навики и зголемена одговорност на учениците кон животната средина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*