Don't Miss
Home / Вести / Дождовите го полнат Стрежевското езеро

Дождовите го полнат Стрежевското езеро

Дождпвите кои во послендите дневи паднаа во Битола и Плагонискиот регион во голема мера го дополнуваат Стрежевското езеро, кои долготрајната суша беше доста “исушено“

        Од ЈП Стрежево нагласувата дека акумулацијата “Стрежево“ е наполно  подготвена да ги прифати водите од врнежите кои го зафатија Регионот.

 Дневниот доток во акумулацијата изнесува околу 1,5 милион метри кубни вода или околу 15 m3/sec. Водите се зафаќаат од водотеците на Баба Планина преку Собирниот (Алиментационен) канал и се внесуваат во сливот на реката Шемница.

         Дежурните екипи со опрема и ресурси се активни на терен, ја следат состојбата предизвикана од обилните врнежи и преземаат мерки и координирани активности во рамките на своите надлежности. Електро-енергетските постројки се исклучени, единствено во функција е ставена деривационата централа ХЕЦ “Довлеџик“, а со единствена цел – превенција од најмала можност за поплавување и вложување на максимални напори за зачувување на секоја капка вода во интерес на водокорисниците.

         -Следниот период можеме да очекуваме значително подобрување на хидролошката состојба се со цел да можеме да обезбедиме подеднаков третман во давањето на услугите на сите корисници на вода.ЈП “Стрежево” – Битола  со рационално користење на водата, намалување на загубите на вода на минимум и штедење на водата, ќе направи се да обезбеди доволно количина на вода за реализација на планот за сезоната за наводнување, истакнува првиот човек на ЈП “ Стрежево “ Менде Граматковски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*