Don't Miss
Home / Вести / Драматично: Регистрирани 398 нови случаи, од кои 15 во Битола

Драматично: Регистрирани 398 нови случаи, од кои 15 во Битола

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 6.383 тестирања, а регистрирани се 398 нови случаи на ковид-19, од кои најмногу, 136 во Скопје, Тетово – 86, Гостивар – 46, Куманово и Кичево по 23, Битола – 15, Охрид и Струмица по 13, Дебар – 10, Струга – 6, Кавадарци – 5, Кочани – 4, Прилеп и Валандово по 3, по двајца во Велес, Штип, Свети Николе и Ресен и по еден случај во Радовиш, Делчево, Пробиштип и Македонски Брод.

Во изминатите 24 часа пријавени се четири смртни случаи како последица од ковид-19, три пациенти од Куманово (29, 49 и 74 години) и еден од Гостивар (78), починати во болнички услови.

Регистрирани сe 18 оздравени пациенти од Скопје – 7, Битола – 4, Куманово – 3, Радовиш – 2 и по еден од Штип и Берово.

Направените 6.383 тестови се преку: ИЈЗ-90, ЦЈЗ Скопје-46, ЦЈЗ Битола-100, ЦЈЗ Прилеп-68, ЦЈЗ Тетово–47, ЦЈЗ Куманово–75, УК Пулмологија со алергологија 1, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–56, Жан Митрев (Филип Втори)-122, Авицена-429, Биотек-158, Систина-96, лабораторија Лаор-939, Синлаб-12, Ремедика-4, Плодност–56, Генеа–5, Никоб лаб-917, ВФВ Медикал-50, Ели Медика-28, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.077.

Досега во земјата се направени вкупно 1.019.192 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 158.025, бројката на оздравени пациенти е 150.524, на починати е 5.507, а бројот на активни случаи изнесува 1.994.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*