Don't Miss
Home / Вести / “ Дрим билдинг “му платиле на “Боки 13“ 350 илјади евра кеш

“ Дрим билдинг “му платиле на “Боки 13“ 350 илјади евра кеш

На Бојан Јовановски во кеш му исплатиле 350 илјади евра како услов да бидат дел од проектот за изградба на старечки дом, изјави пред судот Ресул Лога, менаџерот на компанијата „Дрим билдинг“, со чие сведочење денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за „Меѓународен сојуз“.

Лога тврди и дека „Дрим билдинг“ исплатила уште 15 милиони денари на фактура на невладината организација, оти компанијата верувала дека проектот ќе биде успешен. Тој нагласи дека стекнале доверба бидејќи „гледале луѓе од владата“.

За случајот со невладината организација Меѓународниот сојуз, основана од Јовановски, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени, за наводни центри за возрасни лица, обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*