Don't Miss
Home / Вести / Државниот инспекторат го врати професорот Томе Наумов на работа

Државниот инспекторат го врати професорот Томе Наумов на работа

Универзитетскиот професор Томе Наумов, на кого по 39 години работа директорката на  Високата медицинска школа во Битола  му го прекина договорот за работа точно кога наполнил 64 години треба да се врати на работа до правосилната одлука на судот.

Вака одлучи Државниот инспекторат за труд

Инспекторатот донесе решение со кое се одлага извршувањето на одлуката на Високата медицинска школа од Битола за прекин на договорот за работа до донесувањето на правосилна одлука на судот за овој случај по тужба против Школата поднесена од Наумов. Еентуелна жалба не го одлага извршувањето.

Во образложението на Инспекторотот стои  дека по  вонредниот  инспекциски надозр констатирале дека работодавачот со своето однесување постапил спротивно на одреден и членови од Законот за работни односи.

Професорот  Томе Наумов денес се врати на работа.

Тој беше одјавен од Агенцијата за вработување во април годинава поради пензионирање, без претходно да биде известен.  

Томе Наумов тврди  дека  веста  дека му е прекинат работниот однос му ја кажале додека дрежел испит во Школата.

Тој тврди дека  е испуштен од работа спротивно на Законот за високо образование кој е јасен и дозволува професор што ќе наполни 64 години има право да го продолжи работниот век до 67.

Директорката на Високата медицинска школа Домника Рајчановска тогаш рече дека сите одлуки што ги донела во врска со професорот Наумов се засноваат врз почитување на одредбите од Законот за работни односи и Законот за високото образование.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*