Don't Miss
Home / Спорт / Државно јуниорско првенство во кик бокс: Седум медали за кик боксерите на “Заншин“

Државно јуниорско првенство во кик бокс: Седум медали за кик боксерите на “Заншин“

 

На државното изборно кадетско јуниорско првенство во кик бокс кое се одржа  во спортската сала “Младост“  во Неготино, карате бокс клубот од Битола “Заншин“ настапи со 4 борци и се закити со три злата и четири сребра.

Нермин Шабановска во категорија помлади кадети  +47 кг. во дисциплината  кик лајт се закити со златен медал, Нерлин Шабанвски  во категорија кадети  +69 кг. во дисциплината  кик лајт  освои сребрен медал.

Стефан Сунчевски во категорија јуниори  се натпреваруваше во две  дисциплини и тоа кик лајт и лајт контакт.

Во  дисциплината лајт контакт +70 кг. се закити со златен медал, додека во дисциплината кик лајт со сребрен медал.

Ивана Петковска настапи во три дисциплини и  тоа кик лајт, лајт контакт и семи контакт , во семи контак освои златен медал додека  во кик лајт и лајт контакт освои  сребрен медал.

-Горда сум како тренер и очекувам понатамошни успеси на национално и интернационално ниво, а ова лето по малиот одмор кој ќе го имаме продолжуваме со тренинзи, вели тренерот на “Заншин“, Стевка Јанковска Петковска, која дадава:

-Измината сезона која нашиот кик бокс клуб имаше успеси на меѓународен и домашен план, а скори сите млади борци кои тренираат во нашиот клуб се закитија со медали во своите категории. И наредната сезона, се надевам, дека ќе ги одбраниме освоените пласмани, е некои ќе ги подобриме.

 

 

С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*