Don't Miss
Home / Колумни / Еден мост многу политика

Еден мост многу политика

               

        Кога на изборите во октомври минатата година ВМРО ДПМНЕ, со своите коалициони партнери   ја освои локалната власт, никој од новата власт не очекуваше дека мостот кај Безистенот ќе биде главната тема околу која власта и опозицијата ќе се конфронтираат за нивната (не)способност да раководат со градот.

        Убеден дека  токму на проблемот со реконструкцијата на мостот кај Безистенот ќе се лизне новата власт, координаторот на советниците од СДСМ и коалицијата, Методија  Илиевски, на  една од првите седници на Советот со огромна доза на иронија и сарказам   предложи мостот  да се вика “ Св. Климент Охридски “ , како и улицата “ Климент Охридски “ кај “Водовод”, асоцирајки со тоа дека неговата реконструкција ќе трае толку долго колку што траеше реконструкцијата на улицата “Св. Климент Охридски “, во мандатот на сега веќе екс градоначалничката Наташа Петровска, која заради бавното изведување на градежните работи беше предмет на подбишега кај битолчани.

        И тогаш, а и подоцна на битолската политичка сцена  политичките партии постојано лицитираат со прашањето колку ќе трае реконструкцијата на мостот кај Безистенот.

Дека нема да  оди толку лесно и брзо реконструкцијата на мостот брзо се увери и градоначалникот Тони Коњановски, кој во својот прв отчет пред советниците  изјави  дека мостот е проблем кој не го очекувал и му го расипал сонот.

-Со овој  инфраструктурен проблем и предизвик се соочивме само по два дена од преземањето на  власта, изјави Тони Коњановски, кој  во првите  денови по неколку пати дневно навраќаше кај мостот за да се увери како се одвиваат работите.

 Полн со ентузијазам и цвсто решен брзо да го реконструира мостот за да се реши сообраќајниот хаос кој настапи во ценралното градско подрчаје, Коњановски  веднаш почна со изготвување на потребната документаци за  обнова на мостот.

Откако се увери дека општината  за мостот нема ниту техничка, ниту проектна документација, па ни одобрение за реконструкција, новата локална самоупрва почна со вадење на потребаната документација.

 Набрзо беше одреден изведувач на изработката на техничката документација и реконструкцијата на мостот.Во првата фаза се почна со изработка на проектната документација, во која беше предвидено  пескарење на челичната конструкција.       

По изработката на техничката документација, се побара  обезбедување на одобрение за реконструкција од Министерството за транспорт и врски, со цел отпочнување на градежните активности.

И тогаш кога помисли дека набрзо ќесе обебзедат потребните дозволи, како времето да застана за локалната власт.

Од Скопје наместо да пристигнуваат потребните документи за реконструкција на мостот, почнаа да пристигнуваат правни поуки.

И наместо бавните реакции на централната власт и надлежните министерства и институции да ги обедини советниците од власта и опозицијата тие почнаа да се препукуваат и надмудруваат  меѓу себе кој е винивен што доцни реконструкцијата на мостот.

-Во слична ситуација кога во правните лавиринти заглави Општина Битола со санацијата на улицата “Климент Охридски” кај “Водовод”, тогашната опозиција,  а сега власт, коментираше зошто Општината Битола не може да се справи со санација на улица од само стотина метри. Јас сега ќе го кажам истото, дека мостот “Климент Охридски” до март -април ве убедувам, сите, па и битолската јавност, дека мостот нема да биде пуштен во употреба, изјави во ноември минатата година,  советникот на СДСМ,  Методија Илиевски.

И за жал погоди.

Еве изминува и месец март, а од реконструкцијата на мостот  и по полни 4 месеци сеуште нема ништо

        И наместо политичките партии на власта и опозицијата, секој во рамките на своите можности да  се обединат и заеднички  да се насочат  за решавање на овој инфраструктурен проблем и што побрзо  да се обезбедат  сите потребни дозволи и документи за реконструкција на мостот, тие со Итер Пејовски мајтапења сенадмудруваат и конфронтираат едни со други.

        Додека власта настојува што побзро да дојде до потребните документи, локалната опозиција кај ја има централната власт сеирџиски гледа проблемот што повеќе да се одолговлекува.

        На такви подземни игри деновиве предупреди заемникот градоначалникот на Битола, Бојан Бојкоски, кој излезе во јавноста со информација дека иако беа исполнети сите барања, Општината нема да ја добие дозволата од Министерството за транспорт и врски и екологија, за што советниците од СДСМ веќе добиле известување.

        Во минатото таквата разединетост на битолските политичари   Битола ја платил многу скапо.

        Поради таквите политики Битола денес е таму каде што е, последната станица каде застанува возот.

        Време е барем кога се работи за заеднички проблем кој ги погодува сите грѓани  битолските политичари, без разлика дали се  од власта, или  од опозицијата  да се обединат и да делуваат заеднички се со цел проблемите побрзо и поефикасно да се решаваат.                                      

Во спротивно ќе трпат сите битолчани, бидејки мостот кај Безистенот  е најпрометната сообраќајница во Битола по која се движат сите грагани, не само од градот, туку и од луѓето кои ја посетуваат Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*