Сто ученици, од материјално необезбедени семејства на Битола, кои поради недостаток од дигитална опрема, во услови на пандемија од корона вирусот, не беа во можност редовно да ја следат онлајн наставата, ќе добијат таблет – компјутери за непречено учење.
Оваа донација, која ја обезбеди семејството Дестани, преку компанијата „Еколог – Интернешнл“ и беше доставена на градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.
-Донацијата е наменета за учениците кои поради немање свои компјутери останаа надвор од образовниот процес. Една од најважните работи што можеме да ја направиме заеднички за време на кризата на „ковид-19“, е да се осигураме дека иднината на оваа земја, децата, ќе продолжуват со наставата без пречки, изјави по доделувањето на донацијата, Лазим Дестани од компанијата “Еколог – Интерншнал“, инаку познат филантроп.
Искажувајки задоволство од донацијата, со која “Еколог – Интернешнл“ уште еднаш се потврди како општествено одговорна компанија, градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, нагласи дека со добивањето на табелт-компјутерите дел од учениците на Битола сега ќе можат непречено да учествуваат во онлајн наставата.
Инаку компанијата „Еколог – Интернешнл. “, деновиве донира неколку илјади таблет – компјутери, во повеќе општини во државата.
Тие најавија дека и во иднина ќе продолжат со активностите насочени кон воздигнување на вредностите, како и целите за одржлив развој на нашето општество во сите области.