Модната блогерка и дизајнерка Ерна Милетиќ од Црна Гора во ексклузивното интервју за “Битолски весник“ зборува а нејзиниот моден блог, што ќе биде актуелно oваа есен-зима сезона кога е облеката во прашање, кои се според неа најубаво стилизирани дами на Балканот и во светот и многу други нешта поврзани со модата и најновите модни тенденции и трендови.
Битолски весник: Кога го покренавте вашиот моден блог erna-miletic.blogspot.com кој бележи доста добра посетеност?
Ерна Милетиќ: На почетокот да Ви се заблагодарам на поканата за интервју во Вашиот весник. Мојот моден блог го покренав пред три години, кога ги започнав и студиите во Белград. Можеби звучи како клише, но една моја другарка ме поттикна да го започнам мојот моден блог и така започна мојата приказна со модното блогерство.
Б.В: Дали модното блогерство е ваша примарна професија, или се занимавате дополнително и со нешто друго?
Е.М: Во почетокот беше исклучиво нешто што целосно ми го преокупираше времето. Но, откако и официјално се стекнав со титулата моден диајнер, блогерството ми прерасна во хоби. Подготовка на модни ревии и ангажман на уште еден крупен проект ми одзема доста време, но и понатаму не се откажувам од блогерството и штом имам слободно време, сакам да фотографирам, да ја ажурирам мојата страница и да комуницирам со моите следбеници.
Ерна Милетиќ
Б.В: Дали имавте некоја инспирација кога го покренавте модниот блог, на пример од познатите светски модни икони и колку време одзема тој начин на работа?
E.M: Кога го стартував модниот блог, најмногу се раководев од мојот инстикт и стил по кој сум препознатлива. Сметам дека ако претерано ја следите некоја јавна личност, или повеќе од нив, дека несвесно можеби, но во голем дел го губите својот личен печат. Не ги следам слепо трендовите и тренд сетерите и се трудам се да прилагодувам на мојот стил а не обратно.
На сите оние кои имаат намера и желба да основаат моден блог, би ги посоветувала дека тоа одзема многу време и труд, исто како да имаат регуларна работа со работно време. Треба да бидат смели, иновативни, да експриментираат, и воедно да бидат подготвени да прифатат како добри оценки така и лоши критики.
Б.В: Што е “must-have“ оваа есен-зима сезона кога е облеката во прашање?
Е.М: Must have за оваа есен-зима сезона е таканаречената миди сукња, а воедно на голема врата се враќа пончото во топли есенски нијанси. Потоа маиците со интересни написи и апликации. Што се однесува до боите ќе доминира сивата нијанса која многу бара кога се комбинира со другите бои, бордо бојата е во тренд, трендовски мантил или капут исто така се апсолутен хит оваа есен, како и суќњите и фустаните од лесни матријали.
Б.В: Што е она што никогаш нема да излезе од мода?
Е.М: Неприкосновените Chanel 2.55 i Chanel Boy ташни, добриот џинс, карираните кошули, и генерално кариран дезен и Bianca Christian Loubouten обувките.
Б.В: Која е балканска модна икона а која во светски рамки?
Е.М: Дефинитивно на овие простори тоа е Јелена Карлеуша, а во светот, е тука можам тешко да се определам за една личност. Ама ќе ги спомнам Мирослава Дума и Викторија Бекам по елеганцијата, во влијанието нивно во модниот свет на прво место, а моден камелеон дефинитивно е феноменалната Ријана која одлично знае да го износи секое модно парче. Тука морам да ја споменам и екцентричната Ана Дел Русо која секогаш пријатно знае да ме изненади со нејзините аутфити.
Б.В: Колку социјалните мрежи во позитивна смисла влијаат кај младите поубаво да ја комбинираат облеката, да бидат похрабри во тоа и да изградат некој нивни моден идентитет? Во последно време предничи “Инстаграм“?
Е.М: Сметам дека “Инстаграм“ предничи во споредба со останатите социјални мрежи во влијанието и кај машката и жесната популација. Од кога постои оваа апликација, луѓето се многу поупатени во модните трендови, и повеќе некако се заинтересирани за модата, повеќе од било кога се подготвени да експериментираат. Воедно, сметам дека “Инстаграм“ создаде нови модни икони во светот. Луѓе кои не се ниту модни блогери, јавни личности, ниту дизајнери, глумци, пеачи итн. Туку само личности чиј стил на облекување го прифатија огромен број на луѓе кои ја користат оваа најпопуларна социјална мрежа. Тоа е своевиден општествен феномен.
Б.В: И за крај, како го користиш своето слободно време и што е она во што најмногу уживаш?
Е.М: Слободното време најмногу го користам со пријателите и моето семејство. Обожавам да погледнам некој добар филм на кино. Воедно често тренирам, а моите тренинзи засега ја заменија најомилената активност на секоја модна блогерка а тоа е шопингот.
Васка.М.Младеновска
Фотографии: Приватна архива