Екипата на Еурофарм Пелистер својата дебитантската сезона во СЕХА-лигата ја заврши во осминафиналната фаза, откако е елиминиран од Нексе, 24:22 (13:10).
„Фармацевтите“ славеа во реванш мечот во Битола, но недоволно за да ја неутрализираа негативата од три гола на хрватскиот првак и со тоа ставија крај на нивниот настап во регионалното натпреварување.
Ловро Јотиќ со пет гола беше најефикасен кај Еурофарм Пелистер, додека Маџовски, Вегар и Остоушко имаа по три погодоци. Кај Нексе, Северец постигна пет гола, додека Цар имаше 11 одбрани.