Don't Miss
Home / Вести / Фестивалот на музика од светот викендов во Битола

Фестивалот на музика од светот викендов во Битола

На прес-конференција во Битола, директорката Маја Андоновска Илијевски соопшти дека годинава на фестивалот ќе настапат гостите од Србија Либеркватро танго ансамбл чиј концерт е закажан за утревечер, Биља Крстиќ со Битолскиот камерен оркестар ќе настапи на втората фестивалска вечер, а в недела за публиката Битолскиот дувачки оркестар и македонски ѕвезди ќе изведат македонски евергрини.

– Овој фестивал на битолчани ќе им понуди едно убаво „бегство” од нашето секојдневие затоа што ги нуди сите музички вкусови. Фестивалот на музика од светот опфаќа повеќе музички форми и жанрови, како и музички имиња од државата и светот. Фестивалот годинава има различни музички стилови кои ќе бидат реализирани на три квалитетни музички вечери, истакна Андоновска Илијевски.

За прв пат во својата музичка кариера, на сцената во Битола ќе настапи гостинката од Ниш, Биља Крстиќ, која најави дека во својот репертоар сврстила и познати македонски народни песни.

– Никогаш во животот не сум имала трема пред концерт и чудно, но токму тоа сега ми се случува пред настапот во Битола, градот во кој прв пат доаѓам. Со мојот оркестар „Бистрик” го обиколивме целиот свет, настапувавме во Вашингтон, во Малезија, Бали, Џакарта, Салвадор … и конечно стигнав во Битола каде за публиката на свој начин ќе ја отпеам „Битола мој роден крај” затоа што таа легендарна песна ја сакаше мојот татко, рече меѓудругото српската уметница Крстиќ.

Фестивалот музика од светот е поддржан од Министерството за култура и Општина Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*