Во петокот на 14 октомври, во просториите на Националната установа „Завод и Музеј Битола” се оддржа 12 Изборна Конференција на општинската организација на НСДП Битола, на која беше избран нов претседател на општинската организација и нови органи и тела на партијата.
На Конференцијата зедоа учество 80 делегати. Активно учество на изборната конференција зеде и претседателот на партијата, Горан Мисовски, генералниот секретар Мики Милковски, како и потпретседателите Драги Крстев, Јулијана Цековска и Зоран Маневски, организацискиот секретар Венцо Вуинов,членови на Извршниот одбор како и други гости од други општински организации на НСДП.
На Изборната конференција за претседател на општинската оррганизација беше избран Филип Ивановски, дипломиран правник од Битола.
Воедно беа избрани и 16 члена на Извршниот одбор и 5 члена на Надзорниот одбор.