Don't Miss
Home / Вести / Филипче: Најголемиот број од починатите имале и други хронични болести

Филипче: Најголемиот број од починатите имале и други хронични болести

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека огромен број од починатите од Ковид-19 имале други хронечни болести.

-Огромен процент од пациентите имале тешка форма на некоја друга хронична болест, над 85% се со коморбидитети. Голем дел многу доцна  доаѓаат во болница, рече министерот Филипче.- Advertising –

На прашањето, што е со шпекулациите дека дел од пациентите починале од други болести, но биле заведени дека се починати од Ковид-19, министерот истакна, дека тоа е така, но од самиот почеток доколку пациентот имал позитивен тест, тогаш се запишува дека починал од корона вирусот.

-Тоа е навистина така, но ние останавме доследни, односно објавување на сите пациенти, кои иако имале сериозна болест, а сепак биле заболени од Ковид-19, истакна Филипче.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*