Don't Miss
Home / Вести / Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“, и Фондацијата на д-р Ванчо Чифлиганец, изградија нова детска градинка на Златибор

Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“, и Фондацијата на д-р Ванчо Чифлиганец, изградија нова детска градинка на Златибор

Специјално за Битолски весник

Нина Кепеска

Фондациите „Новак Ѓоковиќ“ и „проф.д-р Ванчо Чифлиганец“, со Адора Бизнис Групацијата, како главни партнери во заедничка хумана мисија, изградија комплетно реконструирана детска градинка во село Љубиш, во близина на Златибор и покажаа дека хуманоста нема граници. Се работи за нова, современо опремена градинка во рурална средина во општина Чајетина во Србија, што е дел од проектот на Фондацијата Ѓоковиќ да се развијат помалите места и низ  поквалитетен живот да се мотивираат луѓето да не се отселуваат и да останат тука.

Градинката во селото Љубиш, што се наоѓа на само неколку километри од прекрасната планина Златибор, е 46-та новоотворена детска градинка, чија цел е да им се обезбеди на децата од предучилишна возраст од помалку развиените средини, да учат, да играат и да се развиваат во безбедна, адекватна и креативна средина. На отворањето на градинката присуствуваше градоначалникот на општина Чајетина, Милан Стаматовиќ, кој им се заблагодари на двете фондации за хуманата мисија, во името на жителите и децата од селото Љубиш, чија радост беше огромна.
Благодарница до менаџментот на Адора, проф. д-р Ванчо Чифлиганец и Душко Чифлиганец им врачија лично, светскиот рекет број 1 Новак и Јелена Ѓоковиќ„Една детска насмевка вреди повеќе од сè на светот“, порача Душко Чифлиганец, заменик претседател на Адора Бизнис Групацијата, потенцирајќи дека е огромна чест да се соработува со фондација од глобален ранг и со семејството Ѓоковиќ, а задоволството што се овозможува посреќно детство и подобро образование на најмладите, чиj квалитет е клучен за подобро утре, се неизмерни.
Преку соработката со Фондацијата Новак Ѓоковиќ, Адора Бизнис Групацијата и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ја продолжуваат корпоративната општествено одговорна традиција секогаш да возвраќаат нешто назад во средините во кои имаат деловни активности и да го споделуваат успехот со населението и локалната заедница. Адора, како растеше во изминативе 20 години, постојано учествуваше во градење на подобро општество за сите, вложувајќи повеќе од 5 милиони евра во поддршка на спортот, здравството, културата, образованието.
Филантропската мисија на Адора продолжува во Србија, каде преку новоформирата компанија, Adora Living Solutions, која е нејзин претставник на српскиот пазар, го гради иновативниот резиденцијално-хотелски комплекс од 7.000 м² „21st Century Zlatibor Residence, Spa & Wellness by Adora“, со голем број добро осмислени содржини за комплетен планински хедонизам во популарниот туристички центар Златибор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*