Don't Miss
Home / Вести / Франција го поддржува отворањето на пристапните преговори штом ќе биде можно

Франција го поддржува отворањето на пристапните преговори штом ќе биде можно

-Северна Македонија е исправена пред многу предизвици во исто време. Во тој контекст, ми паѓа во очи способноста за прилагодување и присебноста на Македонците. Гледам многу трпеливост, смиреност, методичност и решеност да се надминат овие пречки од различна природа, колку што е можно подобро. Мислам дека тоа е вистинскиот пристап додека чекаме и се подготвуваме за подобрите денови што треба да дојдат.

        Секоја од овие две кризи на крајот ќе се надмине, но не можеме да знаеме кога точно тоа ќе се случи.

        Позицијата на Франција е јасна и непроменлива, ние ги поддржуваме европските перспективи на Западен Балкан. Во таа смисла, Франција побара и доби во март годинава ревизија на методологијата за европска интеграција. Денес, во тој контекст, ние целосно го поддржуваме отворањето што е можно поскоро на пристапните преговори со Северна Македонија, поздравувајќи ги важните напори на германското претседателство со Советот на ЕУ, како и неговиот пристап кон ова прашање, коешто, сметаме дека останува релевантно. 

        Ова го изјави во  ексклузивното интервју за  Битолски весник, новоизбраниот амбасадор на Франција во Македонија, н.е. Сирал Бомгартнер,кое читателите ќе можат да го прочитаат во утрешното печатено издание на Битолски весник, кое го направи главниот и одговорен уредник на Битолски весник, Менде Младеновски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*