Don't Miss
Home / Вести / Гагачевска ја откажа соработката со Битолски весник

Гагачевска ја откажа соработката со Битолски весник

Директорката на Клиничката болница, Билјана Гагачевска ја откажа соработката со Битолски весник.

Ваквата одлука без образложение Гагачевска ја донесе по објавувањето на текстот во Битолски весник дека цели 8 години доцни изградбата на акцелераторот во Клиничката болница во Битола.

Незадоволна од текстот иректорката Билјана Гагачевска им нареди на своите подредени, весниицте кои дотогаш ги добиваше Клиничката болница веднаш да се вратат во Поштата назад.

Сите наши настојувања подоцна да добиеме одговор зошто директорката Билјана Гагачевска ја донесе одлуката да ја прекине соработката со Битолски весник, која континуирано траеше цели децении не вродија со плод.

Таа едноставно го исклучи телефонот за нас а не одговара на ниту една порака.

Директорката на Клиничката болница, Билјана Гагачевска со прекинувањето на соработката смета дека ќе го замолчи Битолски весник да пишува за состојбите во болницата, кои според нашите информации откако таа ја презеде раководната функција се на катастрофално ниво,

Билјана Гагачевска дознаваме дека не само со Битолски весник туку со сите кои во болницата не мислат како неа се пресметува , користејки се секакви методи на закани и притисоци.

Но Гагачевска едно згреши.

Битолски весник никој, па ни таа, не успеал во сите 57 години да го замолчи.

Само да ја потсетиме актуелната директорка на Клиничката болница, Битолски весник не успеаја да го замолчат ни пред 8 години кога тогашнто раководство на болницата вршеа секакви притисоци да не пишуваме за случајот со труењето на Јорго Ангелевски во 2013 година, кога токму Битолски весник го отвори тој скандал кој заврши со смртни последици.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*