Don't Miss
Home / Вести / Генералниот директор на Стопанска банка а.д. Битола прогласен за најдобар банкар за 2020 година

Генералниот директор на Стопанска банка а.д. Битола прогласен за најдобар банкар за 2020 година

Престижниот финансиски магазин ,,Finance Central Europe“ му ја додели наградата ,,Најдобар банкар во Република Северна Македонија за 2020 година“ на претседателот на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола, д-р Владимир Ефтимоски.

Магазинот ,,Finance Central Europe“, кој ја оценува 2020 година како исклучително предизвикувачка за банките како главни играчи и помагатели на компаниите и населението,  наградите за најдобрите во банкарството ги доделува на основ на постигнати резултати на банката и успешното раководење на високиот менаџмент на банката за време на ковид-кризата, воспоставувајќи контрола и  стабилна база за идни ветувачки позитивни проекции. 

Со тоа, признанието е уште позначајно затоа што се доделува во време на пандемија со вирусот Ковид-19, кој направи големи економски штети и ги исправи банките пред големи предизвици.  

„Се ближиме до крајот на 2020 година, која ќе остане во нашите трајни сеќавања, година во која водиме битки на многу фронтови. Горд сум што Стопанска банка а.д. Битола успешно излезе во пресрет на потребите на сите свои клиенти, им обезбеди поддршка за да ги пребродат финансиските турбуленции и, во исто време, обезбеди висок степен на континуитет во понудата на квалитетни услуги и на стабилен и сигурен раст на бизнисот. Оваа награда за мене има посебна вредност токму поради тежината која со себе ја имаше 2020 година. Од сите предизвици со кои досега сум се соочил во банкарското работење, ова е еден од најголемите, кој сè уште трае. Ширењето на вирусот бара уште поголемо лидерство и тоа ќе биде основно за банкарскиот сектор секаде низ светот. Наградата е дополнителен поттик за мене и тимот во Банката да останеме посветени и будни на остварување на зацртаните деловни планови, секако со гарантирана безбедност на вработените и на клиентите“, изјави Г-дин Ефтимоски.  

Ова е едно од неколкуте меѓународни признанија за Претседателот на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола, кои се должат на неговиот професионален, посветен и иновативен пристап во банкарството. Тој минатата година од магазинот ,,Finance Central Europe“ ја доби и престижната награда „Најдобар банкар во Република Северна Македонија во периодот од 1999-2019 година“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*