Don't Miss
Home / Колумни / Година на кавги, обвинувања, фрустрации, суети

Година на кавги, обвинувања, фрустрации, суети

                       

            За неколку дена,поточно сабота на 4 Ноември, Битола ќе го прослави својот 78 роденден од ослободувањето.

            Роденденот на градот, 4 Ноември е ден кога покрај честитките кои ќе ги добие Битола за прославата на својот 78 годишен роденден, кога битолските борци на Седмата ударна бригаде влегоа во Битола и го ослободија градот, е  и ден кога  се сумираат резултатите од постигнатото во изминатата година, меѓу двата родендени.

            За постигнатите резултати и (не)остварените проекти на денот на роденденот на Битола, на 4 Ноември на свечената седница,  сигурно ќе се задржи градоначаникот на Битола Тони Коњановски, во свечениот говор.

            На неколку дена пред роденденот на Битола, тој во ексклузивното интревју што го даде за  ТРД РТВ Б 97 Битола, изјави дека е задоволен од тоа што  е направено во изминатите 365 дена од годината, но воедно изјави дека според него иако  доста направено,  можело и повеќе да се направи доколку не биле блокадите, опструкциите и кавгите во Советот на Битола.

            И навистина   за сите упатени  хроничари на Битола кои одблиску ги следат состојбите на политичката сцена во Битола и во Советот, недвосмислен е заклучокот дека  речиси половина година Советот на Општината  го потроши во  кавги, расправии, обвинувања, дисквалификации, поднесувања пријави, инспекции…

            Иако во една прилика претседателката на Советот, Габриела Илиевска изјави дека Советот и во такви услови  нормално функционирал и дека  најголемиот број од одлуките Советот  ги донесувал не само со просто мнозинство, туку и со консензус, сепак факт е дека половина од минатата година, откако Поинаку му ја откажа лојаноста и поддршката на градоначалникот Коњановски, во Советот функционира ново мнозинство, кое  го сочинуваат СДСМ, Поинаку и во одредени моменти Левица и дека  на одреден начин  многу идеи, иницијативи, активности на градоначаникот Коњановски       беа закочени и опструирани.

            И покрај тоа што градоначалникот Тони Коњановски во голем број наврати се обидуваше да ги убеди советниците да се вразумат и да работаат во интерес на градот и граѓаните,речиси  6 месеци од  годината беа # потрошени # за меѓупартиски расправии, обвинувања, клеветења, надмудрувања, опструирања.

            Сето тоа влијаеше на (не)работата  на Советот, на градоначаникот и општинската администрација.

             Иако после повеќе месечни мачни и жестоки расправии “кризата “ во работата на Советот  беше надмината со усвојувањето на амандамните поднесени  во расправата за ребалансот, сепак кризата во работата на Советот сеуште  трае и не е надмината.

            Според уатените во (не)приликите во Советот, прашање е дали истата воопшто ќе се надмини до крајот на овој состав на Советот.

            Тоа најдобро ќе се види кога  советниците ќе го носат новиот буџет  на Општината за идната година.

            Ако се има предвид дека во идната година почнува кампањата за следните претседателски и парламентарни избори и дека во наредните месеци како и досега ќе бидеме сведоци на жестока политичка кампања меѓу ВМРО ДПМНЕ, СДСМ со своите коалициони партнери, тогаш повеќе од сигурно е дека треба да се биде премногу  наивен и да се очекува дека во наредниот период советниците ќе ги надминат своите политички суети и дека ќе се согласат да работаат во интерес на градот.

            За тие кои подолго време ги следат состојбите во општината Битола, ваквиот распоред на силите, односно на советничките групи не влева многу голем оптимизам дека  кризата во Советот ќе заврши и дека недоразбирањата и опструкциите  ќе се надминат.

            Составот на Советот, кој функционира со неформално мнозинство  во кое консензусот  на СДСМ и Поинаку, кои во блиското минато беа љути политички ривали  и се гради врз основа на дневно политички “договори #   а не врз основа на програмски  определби  воопшто не гарантира дека овој Совет ќе ги надмине суетите и политичките разлики и ќе почне  да функционра поинаку.

            Кога станува збор за (не)функционирањето на Советот прашање е и колку советниците на ВМРО ДПМНЕ и Кабинетот на градоначалникот Коњановски ќе  успеат да ги (раз)убедат останатите советници да им дадат поддршка во реализцијата на проектите кои во новиот буџет ќе ги понуди градоначалникот Коњановски.

             Иако советниците и за време на (прд)избрните кампањи и по изборите се колнат дека ќе работаат во интерес на граѓаните, сепак повеќе од очигледно е дека најголемиот број од советниицте  по нивниот избор работаат  во најголем дел по инструкциитеод партијата и дека токму партиските разлики се главните пречки за реализацијата на општинските проекти, кои се од интерес на граѓаните.

            Советнците се избрани во Советот да ги решаваат проблемите на градот и граѓаните, а не да ги реализираат идеите и амбициите на   партиите и нивните  лидери и лоби групи.

            Оттаму од начинот на кој функционира(ше) Битола во  изминатите неколку месеци од оваа година не изгубија само советниците на ВМРО ДПМНЕ и градонажалникот Коњановски, кој требаше да стане “Англиска кралица”, туку изгубивме сите ние.

            Изгубија и партиите и  советниците кои мислат дека ги добија битките во Советот. Но  најмногу изгубија граѓаните.

            Поради таквите политики, Битола  е град кој цели 10 години не може да го обнови планинарскиот дом Копанки, кој стана “симбол”  на неуспешните политки на градот, и кој не може да ги реализира и  добар дел од капиталните проекти за кои се изјаснија граѓаните на локалните избори и тие ја добија довербата.

            Претстојниот роденден, на 4 Ноември нека биде ден кога политичките партии ќе заборават на своите политички суети и ќе соберат сили да се обединат околку реализацијата на страетешките проекти и подобрувањето на условите за живот во Битола и да ги задржат младите наши сограѓани, кои масовно ја напуштаат Битола и  најчесто заминуваат со купени авионски карти во еден правец, оставајки ги своите родители и најмили да живеат оддалечени од нив со илјадници милји и без своите најмили.

            Со желби за враќање на животот во Битола на Битола Редакцијата на Битолски весник на сите свои читатели и (со)граѓани им го честита роденденот на градот, Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*