Годината во Битола ќе биде плодна и берикетна
Ако денот по утрото се познава 2023 година ќе биде плодна и успешна.
Таквите прогнози се поради тоа што првото новороденче во Битола е женско. Точно во 1,42 часот по полнок во Клиничката болница во Битола на свет дојде малото женско бебе, Христина.
Мајка на Христина е Сара Поп Атанасова на која Христина и е прво дете.
Нешто пред полниќ во Клиничката болница на свет дојдоа уште две бебиња, машко и женско.
-Сите мајки се прворотки. Првото бебе во Битола е Христина .Пред полнок беа родени уште две деца, машко и женско кои заради итноста мораше мајките да бидат побрзо породени. Пред полнок се породија Виолета Нацковска Митровска, која на свет донесе машко дете и Риние Мемедовска која роди девојче
Две бебиња првиот ден по Новата година се родија и во приватната болница Плодност.
Само една минута по полнок, во Плодност на свет дојде женско новороденче, Бојана, тешко 3.360 грама, со должина 50 сантиметри.
Покрај првороденото бебе во 00.01 цасот, и во 05.01 часот се роди и Александар, со тежина 2.730 грама и должина 48 сантиметри.
На сите новороденчиња градоначалникот на Битола, Тони Коњановски им подели пакетчиња со бебешки производи, подарок на Еурофарм и вредносни ваучери.