Don't Miss
Home / Вести / Голем број училишта побараа настава со физичко присуство

Голем број училишта побараа настава со физичко присуство

Денеска пред советниците се најде одлуката за  доставување на барања за согласност од Владата за реализирање на настава со физичко присуство.

Оваа одлука е врз основа на барањата  на училиштата преку општината до Владата за реализирање на настава со физичко присуство во основно образование за учениците од четврто до деветто одделение и за учениците во комбинирани паралелки од прво до петто одделение во учебната 2020/2021 година,  поднесени од:

– ОУ „Д-р Трифун Пановски“ ,ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ ОУ „Александар Турунџев“ с.Кукуречани, ОУ „Крсте Петков Мисирков“ с.Бистрица, ОУ „Елпида Караманди“ и ОУ „Коле Канински“

Во средно образование во учебната 2020/2021 година, барања за физичко присустви поднесоа СОУ „Таки Даскало“, СОЗУ „Кузман Шапкарев“

Барања за согласност од Владата за реализирање на практична настава со физичко присуство во учебната 2020/2021 година, поднесеоа ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ и СОТУ „Ѓорѓи Наумов“, а Гимназијата “ Јосип Бриз Тито “ поднесе барање за добивање согласност од Владата за реализирање на настава со физичко присуство по предметот Спорт и спортски активности во учебната 2020/2021 година

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*