Don't Miss
Home / Uncategorized / Големото уво се сели во Владата

Големото уво се сели во Владата

Планот за реформи во Управата за безбедност и контраразузнавање предвидува Владата да формира посебен оперативно технички центар, кој во иднина ќе го врши прислушувањето. На тој начин УБК целосно ќе се тргне од следењето на комуникациите, според искуството на хрватската тајна служба.

Новиот орган ќе биде единствен овластен за прислушувањето, пишува „АлсатМ“. Комуникациите ќе се следат само во интерес на кривични истраги или за потребите на државната безбедност. Оперативно техничкиот центар би бил целосно независен од другите надлежни органи, а неговите вработени само ќе ги следат телекомуникациите, но нема и да ги слушат разговорите.

Дозвола за прислушување овој орган ќе може да добие само од судија на Врховниот суд, во случај на закана од нарушување на националната безбедност и тероризам.

Според планот, директорот на ОТЦ го именува и разрешува владата. Неговиот мандат ќе трае пет години со право на реизбор. Набљудувачи, освен Владата и надлежните собраниски комисии, ќе бидат и независни експерти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*