Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денес имаше работна средба со амбасадорот на Унгарија, н.е д-р Ласло Иштван Дукс.
На средбата на која присуствуваше и почесниот унгарски конзул во Битола Сашо Јанакиевски, се разговараше за повеќе важни проекти кои треба да се реализираат во општина Битола, меѓу кои и изградбата на пречистителна станица, проекти за подобрување на квалитетот на животната средина, како и можностите за зајакнување на соработката помеѓу Битола и градовите во Унгарија, во повеќе области, меѓу кои економскиот развој, спортот и културата.
Во насока на понатамошно заедничко делување, на денешната средба се разговараше и за започнување на постапка за збратимување на Битола со град од Унгарија.