Don't Miss
Home / Вести / Градоначалникот Коњановски се сретна со задолжените за зимската служба

Градоначалникот Коњановски се сретна со задолжените за зимската служба

Со цел за  ефикасно организирање и функционирање на зимската служба на подрачјето на општина Битола, во претстојната сезона, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денеска одржа работен состанок со претставници на сите субјекти задолжени за зимската служба.

На средбата, претставниците на ЈП Македонија пат и КЈП Нискоградба, како реализатори на поголем дел од работните задачи, информираа за нивната екипираност и снабденост со потребните материјали.

Координацијата на активностите во зимски услови ќе ја врши координативно тело, формирано од градоначалникот и составено од претставници на Комисијата за јавни и комунални дејности на Советот на општина Битола, општинската администрација, јавните претпријатија, СВР Битола и Дирекцијата за заштита и спасување.

Градоначалникот Коњановски, побара од присутните, по формирањето, координативното тело да одржува редовни состаноци со цел навремено и ефикасно дејствување на зимската служба.

Програмата за организирање и функционирање на зимска служба на подрачјето на општина Битола за сезоната 2021/2022 година, беше донесена на седницата на Советот на општина Битола, одржана на 15 ноември 2021 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*