Don't Miss
Home / Вести / Градоначалникот на Битола ќе стипендира студенти на приватен универзитет во Скопје

Градоначалникот на Битола ќе стипендира студенти на приватен универзитет во Скопје

logo.png

Многу градови и општини ширум регионот нудат поволни сместувачки капацитети, школарини и безброј бесплатни услуги за да ги задржат студентите и за да привлечат нови студенти во сопствениот град. Само нашиот градоначалник, Тони Коњановски своеволно, одлучил да додели стипендии за студирање на универзитет во Скопје. И тоа на приватен универзитет.

Како тоа градоначалниче Коњановски?

Зарем заборавивте дека Битола има универзитет?

Го заборавивте ли Универзитетот Св. Климент Охридски и неговите факултети градоначалниче Коњановски?

Знаете ли дека факултетите при УКЛО со сите сили се борат за секој еден студент да остане или да ни дојде во Битола, да ни се развива студентскиот живот и студентскиот и севкупниот стандард на Битола?

Заборавате ли дека Битола е универзитетски град, градоначалниче Коњановски?

Сте заборавиле градоначалниче, или пак, едноставно, ги продолжувате штетните политики кои ДПМНЕ ги воведе и спроведе во високото образование?

Вие, со овој чин дополнително го деградирате и потценувате високото образование во Битола.

Битола заслужува да знае:

1. Како и зошто е избран токму овој приватен Универзитет за туризам и менаџмент од Скопје?

2. Чии интереси се во прашање овој пат и ќе бидат платени со јавни пари?

3. Чиј градоначалник сте вие Коњановски – на Битола или на Скопје? Затоа што при универзитет дома и на очиглед на битолчани, вие давате единствена поддршка на приватен универзитет од Скопје.

Штета. Со ова, затворате една цела насока на некој од факултетите во Битола!изјави на прес конференција советничката на СДСМ, Јасмина Буневска Талевска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*