Don't Miss
Home / Вести / Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски оствари средба со шефот на мисијата на ОБСЕ Килиан Вал

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски оствари средба со шефот на мисијата на ОБСЕ Килиан Вал

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес оствари средба со шефот на мисијата на ОБСЕ, Килиан Вал, со кој разговараше за работата на локалната самоуправа, проектите кои завршени и оние кои се во тек на реализација.
Градоначалникот Коњановски, се заблагодари за соработката која ја реализира Битола со Мисијата на ОБСЕ во рамките на Проектот „Зајакнување на дијалогот и соработката помеѓу полицијата и ромската заедница во Битола каде реализирани се повеќе активности.

Во текот на изминатата година, Мисијата на ОБСЕ во Скопје организираше неколку настани во Битола, со кои се обединија претставниците на ромската заедница и полициските службеници со цел да се адресираат клучните прашања и да се изгради меѓусебно разбирање. Дополнително, Европската унија го поздрави формирањето на работната група во Битола, која придонесе за подобрување на односите меѓу ромската заедница и полициските сили. Овие активности се дел од пошироките напори за промовирање на инклузија, дијалог и соработка.
Во рамките на иницијативата „НЕ за малолетнички бракови“, претставници од отсекот за превенција при СВР-Битола активно работат на зголемување на свеста за негативните последици од овие бракови заедно со здружението за развој на ромската заедница „Сумнал.

Образованието и подигнувањето на свеста се најважните алатки во борбата против оваа појава, и затоа продолжуваме да вложуваме во оваа кауза.
Во рамките на работилницата посветена на превенција од зависности, учесниците имаа можност да дискутираат за начините на зајакнување на соработката меѓу институциите и граѓанските организации во борбата против различните видови зависности. Ова е особено важно за младата популација, која е најподложна на овие ризици.
Во рамките на дискусијата „Кажи НЕ за уште една жртва!“, организирана од здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“, се отворија суштински прашања поврзани со превенцијата од семејно насилство. Овие иницијативи имаат за цел создавање безбедна и поддржувачка средина за сите граѓани.

Горди сме што Општина Битола, во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ активно работи на инклузивно образование. Со тоа се преземаат конкретни чекори кон десегрегација на основното образование, со крајна цел обезбедување еднакви можности за сите деца.
Како градоначалник на Општина Битола, ја потврдувам нашата заложба за понатамошно подобрување на соработката помеѓу полицијата, ромската заедница и сите останати граѓани. Нашата цел е да создадеме инклузивна, безбедна и просперитетна Битола, каде што сите граѓани имаат еднакви можности и права. Со заеднички сили, можеме да изградиме иднина во која меѓусебното почитување и разбирање ќе бидат темел на нашето општество
– истакна градоначалникот Коњановски на денешниот состанок, на кој беа отворени и други прашања од надлежноста на Општината Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*