Don't Miss
Home / Вести / Градски паркинзи со нови две паркинг локации

Градски паркинзи со нови две паркинг локации

Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Општината Битола од денес отпочнува со работа на две нови паркиралишта.

-Паркирање во организиран паркинг простор лоциран помеѓу улиците „11-ти Март“ и „Свети Наум“, поточно на локација зад стамбената зграда наспти стоковната куќа Јавор. Проектното сообраќајно решение предвидува воспоставување на нова зона А11 на која се обезбедени 28 паркинг места  од кои 1 место е наменето за лица со инвалидитет.

Втората локација на организиран паркинг простот е просторот помеѓу Градско шеталиште и ул. Македонска Фаланга, односно на ул. Крушевска Република во близина на Тумбе кафе, каде се врши дополнување на зона Ц со нова зона Ц4. На локацијата предвидени се 111 паркинг места од кои 3 места се наменети за инвалиди“, рече директорот на ЈПП ЈЛП Зоран Дочиновски.

Претходно на овие две локации, од страна на вработените во јавното претпријтие, во вечерните часови се вршеше соодветно бележење на паркинг местата.

Од ова јавно претпријатие информираат дека во тек се подготовки за пуштање во функција  и паркинг просторот на ул. „Пеце Матически“, поточно на локацијата зад градската библиотека. Проектното сообраќајно решение на оваа локација предвидува вкупно 49 паркинг места, од кои 2 паркинг места се наменети за инвалиди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*