Денеска во прва официјална посета на Општина Новаци престојуваше конзулот на Генералниот конзулат на Република Грција во Битола, Ахилеас Ракинас.
Грчкиот конзул на средбата со градоначалникот Љубе Кузманоски разговараа на повеќе теми.
Градоначалникот Кузманоски го информираше грчкиот конзул за тековните активности со Општина Аминдео од Република Грција како и за иницијативата за заедничка соработка на полето на енергетската ефикасност од двете страни на границата.
Двајцата соговорници на средбата истакнаа дека постојат повеќе области во кои соработката може да се проширува, а тука се и меѓуграничните проекти од ИПА програмата кои веќе се во тек на реализација.