„Во врска со обвинувањата од страна на опозицијата дека со објвениот оглас за фиансиска помош на здруженијата и спортските клубви со реакција се јави Валентин Груевски, претседател на Советот.
-Небулози и погрешни тврдења“ се обвинувањата од врвот на ВМРО ДПМНЕ за тоа дека со објавениот оглас за финансиска помош на здруженија и спортски клубови се вршел поткуп на гласачи во предизборието, рече на денешната пресконференција претседателот на Совет Валентин Груевски.
-На вчерашната пресконференција од врвот на ВМРО ДПМНЕ беа изнесени обвинувања, јас би рекол небулози и погрешни тврдења за она што се случува во Советот на општина Битола. Обвинети сме дека со огласот кој што го распишавме за Здруженијата на граѓани и помош на спортските здруженија дека вршиме поткуп, дека сакаме да го направиме пред избори и вршиме притуисок врз невладините организации и ги тераме да ставаат потпис за некаква лојаност. Морам да кажам дека се работи за процедура која оди секоја година во овој дел од годината и која претходно е потврдена со одлука на Совет донесена во декември 2019 година. Огласот кој го објавуваме се носи на Комисија за финансии на која јас сум претседател , но овој оглас го изгласаа присустните членови на Комисијата едногласно , не присутвуваше само еден член на комисијата. Тоа се членови од сите политички партии и ни еден од тие членови немаше забелешка ни за времето на објавување, ни за содржината, а седницата на Комисијата беше на 20 мај. Има соодветни записници за она што се дискутирало на седницата . Комисијата за финансии ги разгледува апликациите кога ќе дојдат и решава за невладините организации кои ќе добијат средства и истата Комисија во најголем број случаи своите одлуки ги донесувала едногласно. Значи не е предизборен период, дозволени се ваквите огласи, и во неколку други градови имаме слични огласи за субвенционирање она што мисли конкретната општина да субвенционира. Во овај случај се покажува апсолутно непознавање на основните работи и она како функционира еден Совет.Бидејќи Комисијата одлучува, доколку некој е повикан од мене како претседател на Комисија да дојди да потпиши некаква лојалност слободно нека кажи дека сме го повикале во овој период“, рече Валентин Груевски, претседател на Советот на Битола